(ВИДЕО) Кина: Пуштен во употреба најголемиот засводен мост на светот

Во Кина е пуштен во употреба мостот „Pingnan Third Bridge“ на реката Кси Jианг, што е најголемиот засводен мост на светот. Овој мост во облик на лак има најголем распон на светот, титула што ја презема од, исто така, кинескиот мост Чоатијанмен, изграден пред 11 години.

Мостот е долг 575 метри (23 метри повеќе од претходниот рекордер), додека неговата вкупна должина е 1.035 метри.

Во мостот биле вградени дури 15.000 тони челик, а инженерите што го изградија тврдат дека се одлучиле за таков вид на конструкција бидејќи бил поевтин од висечки мост, но е и потраен. Целиот проект бил завршен за само две и пол години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.