(ВИДЕО) Кина во служба го воведе „невидливиот“ авион Ј-20

© AP Photo / Xinhua/Li Gang

Кина во борбена служба ја воведе новата генерација на невидливиот ловец „Ј-20“ со што се надева дека ќе го намали заостанувањето зад САД во овој сегмент од вооружените сили.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг спроведува голема модернизација на кинеските оружени сили, кои се најголемите на свтот и вклучуваат проектили за соборување сателити и напредни подморници.

Военото воздухопловство соопшти дека ловеците „Ј-20“ е вклучен во борбените динции и дека е придонесе за заштита на државниот суверенитет, безбедноста и територијалниот интегритет.

Авионот од овој тип првпат на јавноста ѝ беше претставен кон крајот на 2016 година. „Ј-20“ најмногу наликува на американскиот ловец неводлив за радарите „F-22“, но според стручњаците големо пршање е колку навистина може да му парите.

Ловецот „Џиан-20“ (Ј-20) го развива корпорацијата „ Chengdu Aircraft Industry Corporation“, а првиот пробен тест беше извршен на почетокот од 2011 година.

Кина, исто така, го развива и невидливиот ловец, исто така, од петтата генерација моделот „Ј-31“, придвижуван од рускиот авионски мотор РД-93, кој би требало да му конкурира на американскиот ловец „F-35“. Кинескиот авион првиот пробен лет го оствари на 31-ви октомври 2012 година.