ВИДЕО| Кинескиот ровер откри „таинствена колиба“ на Месечината

Кинеското вселенско возило именувано „Зајак од жад 2“ (Yutu 2) открил необичен објект во форма на коцка на невидливата од Земјата односно „темната“ страна на Месечеината, опишан како „мистериозна колиба“.

Нејасниот бојект предизвикал различни нагаѓања во научната заедница, извести кинеската службена новинска агенција Xinhua.

Корисниците на социјалните мрежи го споредуваат со дворецот Гуанган, домот на божицата на Месечината според древната кинеска митологија.

Странските стручњаци мислат дека станува збор за грамада која од некаде дошла на месечевата површина, за парче камен или раб на кратер.

Објектот се наоѓа околу 80 метри од моменталната локација на роверот во кратерот Фон Карман. Октриен е уште во ноември, но откритието дури сега е објавено.

„Веројатното објаснување за оваа форма би била голема грамада која ја исфрлил на површината некој удар. Тоа не е обилиск или се вонземјани, но секако е нешто што треба да се проучи“, напиша на Twitter стручњакот за кинеската вселенска програма Ендрју Џонс..

Роверот „Зајак од жад 2“, кој е на сончев погон, сега треба одблиску да го прегледа објектот. Меѓутоа, се очекува дека патувањето по месечевата површина ќе трае два до три лунарни денови, односно два до три месеца на Земјата, извести кинескиот научен канал „Наша Вселена“ на сервисот за размена на објави Weibo.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.