(ВИДЕО) Кире Лазаров со шут во последната секунда му донесе победа на нант

Македонската ракометна легенда му донесе победа на својот тим со гол во последна секунда.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, повторно потсети на некои од неговите најславни голови во кариерата, и покажа дека и тоа како е способен да им носи победи на своите тимови. Лазаров вечерва со гол во последна секунда му донесе победа за Нант на гостувањето против Шамбери од 29-28 во дуел од француската лига.

Лазаров заврши шест гола од десет обиди, имаше и со пет асистенции, но голот за победа ги фрли во очај противниците. По 11 кола, Нант е на петтото место на табелата со осум победи и три порази.