(ВИДЕО) Клоп побара да слават од дома, но Ливерпул „гореше“ по освоената титула

Фановите на Ливерпул по пауза од 30 години конечно ја дочекаа ноќта во која ќе ја прослават шампионската титула на својот омилен клуб.

Од синоќа екипата на Ливерпул и официјално е нов шампион во Премиер лигата, откако Манчестер Сити ги загуби сите шанси за одбрана на титулата по поразот од големиот ривал Челзи (2-1).

Иако во време на пандемијата, фановите на Ливерпул до доцна во ноќта ја славеа првата шампионска титула на својот клуб во историјата на Премиер лигата. Иако менаџерот Јирген Клоп им порача големиот успех да го слават во своите домови, улиците во Ливерпул беа обоени во црвена боја, додека главното шоу беше пред „Енфилд Роуд“.

Погледнете дел од атмосферата во Ливерпул:

https://twitter.com/TheKop_com/status/1276271045184552960?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1276271045184552960%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fklop-im-poracha-da-slavat-od-doma-no-liverpul-goreshe-po-osvoenata-titula