5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ВИДЕО| Која е вистината за украинските војници на Змискиот остров?

Стара поговорка вели дека во војната прва умира вистината, а современото војување особено подразбира и ширење дезинформации, па тоа ја следеше и судбината на украинските граничари од островот Змејни (Змискиот остров).

„82-ца украински војници кои беа стационирани на островот Змејни, пристигнаа во градот Севастопол откако доброволно се предадоа. По кратки правни процедури, војниците на украинската армија ќе бидат пратени дома кај нивните фамилии“, соопшти во саботата министерството за одбрана на Руската федерација.

Овие војници беа стационирани на островот Змеини и имаше известувања дека откако одбиле да се предадат, руската морнарица ги убила, како што пренесоа западните медиуми, меѓу кои и американската Си-Ен-Ен.

И додека украинскиот претседател Владимир Зеленски на прес-конференција ги погреба и посмртно награди, нив руската морнарица ги истовари на пристаниште.