(ВИДЕО) Коњ трча во спротивна насока на автопатот Скопје –Тетово, полициски патроли не можат да го сопрат

Видео снимка од незауздан коњ кој со впрегната приколка трча во спротивен правец на автопатот Скопје – Тетово беше споделено синоќа на социјалните мрежи.

Во „потерата“ по животното се вклучиле и повеќе полициски возила, кои исто така морале да возат во спротивна насока.

Како дошло животното до автопатот не е познато, но се претпоставува дека побегнало од сопственикот од некое од соседните села

За среќа во целата бркотница не се случи сообраќајна несреќа.