ВИДЕО: Кога некој ќе „одлепи“ во авион

Патниците во еден авион снимиле жена која за време на целиот лет гласно врискала: „Боже, ти си мојот спасител“, сериозно ставајќи ги на тест нервите на сопатниците.

Притоа никој не и обрнувал посебно внимание, туку само ги замолиле останатите патници да ја спречат доколку се обиде да отиде во задниот дел на авионот и да ј отвори вратата.

Патникот кој го снимил видеото и го објавил на ЈуТјуб, тврди дека жената најнапред ги замолила своите сопатници да се молат за неа бидејќи неодамна нејзината мајка починала.

Откако се движела низ седиштта на патниците и им раскаќувала за тоа, дваесет минути на своето седиште гласно викала: „Боже ти си мојот спасител“.