ВИДЕО: Кој дома си замина со Греми?

Најдобрите музичари се собраа вчера во Лос Анџелес по повод  56-тото доделување на  престижните награди Греми.

Церемонијата започна спектакуларно со сексипилна и заводлива кореографија, неколку спонтани бакнежи и прегратки на Бијонсе и Џеј Зи кои ја изведоа најновата заедничка песна  “Drunk in love” докажувајќи уште еднаш зошто се најмоќна двојка во шоу бизнисот.

Ѕвезди на вечерта дефинитвно беа рап дуетот од Сиетл, Меклмор и Рајан Луис кои дома си заминаа со дури четири награди, за  најдобар нов артист на годината, за најдобар рап албум, за најдобра рап изведба и за најдобра рап композиција за хитот „Thrift Shop“ на претходната затворена церемонија.

Дафт Панк победи и во категоријата најдобар денс или електронски албум, како и во категоријата најдобар дизајн на неокласичен албум.

Фарел Вилијам освои Греми за најдобар продуцент на годината.

Џастин Тимберлејк на својот куп награди додаде уште  две, за најдобар видео спот за „Suit i Tie“ и за ар-ен-би песна за композицијата „Pusher Lover Girl“.

Алиша Кис победи во категоријата најдобар ар-ен-би  албум за „Girl on Fire“, а Риjана освои Греми за најдобар современ ар-ен-би албум, за „Unapologetic“.

За најдобар рок изведба беше прогласена композицијата „Radioactive“ на „Имеџин Драгонс“.

Пол Макартни, кој заедно со Ринго Стар ја прими наградата за кариерата на Битлси, победи во категоријата на најдобра рок песна за „Cut me Some Slack“.

На цревниот тепих ѕвездите прошетаа во гламурозни тоалети потпишани од познати дизајнери, скап и блескав накит, уникатни модни парчиња, и како и секогаш, и понекој моден промашок.

И оваа година доминираа долгите и елеганти фустани, но похрабите, меѓу кои и Рита Ора се одлучија за кратки здолништа.