ВИДЕО| Комерсант: Четири руски воени летала се урнале близу Украина

Рускиот дневен весник Коммерсант на своето електронско издание објави дека наводно во саботата би можело да бидат соборени два руски борбени авиони и два воени хеликоптера во близина на украинската граница, што би бил спектакуларен успех на Украина доколку тоа биде потврдено, пишува Reuters.

Коммерсант објави дека ловец-бомбардер „Су-34“, ловец „Су35“ и два транспортни хеликоптера „Ми-8“ кои наводно сочинувале јуришна група и дека биле „соборени речиси истовремено“ во „заседа“ во регионот Брјанск на границата со Украина.

„… Во Брајнск практично истовремено би можело да бидат соборени.. (четирите летала) на руската војска. Нивните екипажи. Непознато е дали напаѓачите биле во воздухот или на земјата. Локалните власти потврдија пад на само еден хеликоптер“, пишува Коммерсант.

„Според прелиминарните податоци сите летала биле дел од иста воздушна група, ловците требало да извршат ракетен напад врз цели во регионот Чернигов во Украина, а хеликоптерите требало да ги следат и да помогнат при евакуација на екипажите на ловците доколку бидат погодени нивните авиони. Сите четири летала не се вратиле на аеродромот. Нивните пилоти загинале“, додава Коммерсант.

Челникот на Брјанскиот регион, Александар Богомаз изјави дека како последица на хеликоптерска несреќа во Клинци една локална жителка е повредена. Агенцијата ТАСС, повикувајќи се на руската Служба за итни ситуации извести за пад на еден ловец „Су-34“ близу границата со Украина. Ниту гувернерот, ниту службата не ги наведоа причините за уривањата на двете летала, освен дека на хеликоптерот му се запалил моторот пред да се урне.

На снимките на коишто на социјалните мрежи го објавија локалните жители можат да се види само еден „Ми-8“ кој се урнал на периферијата на градот Клинци, и за кој се чини дека бил погоден од ракета. Според Коммерсант се претпоставува дека лансирањето на проектилот било извршено од земја, поради што полицијата во Брјанск го активирала планот „Пресретнување“ за потрага по можни диверзанти на 40 километри од границата. Официјални потврди за тоа нема.

Руското Министерство за одбрана не ги коментирало ваквите информации на барање на Reuters. Но се смета дека таквите информации може да бидат повод и изговор на Москва за нов масивен одмазнички удар врз цели длабоко на територијата на Украина.

Агенцијата Reuters наведува дека Коммерсант не дал докази за своите извештаи за соборените четири летала, но вели дека таква информација била објавена и на неколку воени блогови.

Немало официјален одговор и од страна на Украина, која обично не ги коментира извештаите за напади во Русија. Меѓутоа, Михаил Подолјак, виш советник на претседателот Володомир Зеленски на Twitter инцидентот го нарече „правда… и инстант карма“.