(ВИДЕО) Комити ја „запалија“ Арена – распродадени билетите за „спас на Вардар“

Комитите се вратија на стадион, не на фудбалски натпревар меѓутоа да го прослават рекордот за продадени билети за фудбалски натпревар во македонското фудбалско првенство.

Пиротехника и пеење навивачки песни на запдната трибина, она на Комитите го одбележа настанот кој денеска започна во 19:47 часот, симболично со годината на основање на ФК Вардар.

Иако на сајтот на МК Тикетс се уште стои дека може да се купат стотина карти во ВИП деловите на Арената Тодор Проески, за „Дриблинг“ еден од членовите на навичката група Комити, вели дека сите карти се веќе распродадени.

Станува збор за билетите за спас на Вардар кој се наоѓа во тешка финансиска состојба.

Вардар во недела вториот дел до сезоната, го почнува со дербите против Пелистер, пред празни трибини на распродадениот стадион.