12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

(ВИДЕО) Компанија подарила по еден автомобил на сите 4116 вработени

Кинеска компанија за производство на челик ги наградила сите своите 4.116 вработени со нови автомобили за надминување плановите за добивка петта година по ред.

Челичната корпорација Џиангкси Вест Даџиу била домаќин на настан на 1 октомври за да го прослави својот успех и да ги награди вработените за нивниот придонес кон годишниот раст.

Медиумите јавуваат дека компанијата остварила зголемен профит во последните пет години, а раководството сакало да стори нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па решиле на секој од нив да му подарат автомобил. Неколку недели пред Денот на кинеската државност, биле дистрибуирани вкупно 4.116 возила, 2.933 на Форд и 1.183 Фолксваген.

https://www.youtube.com/watch?v=MKI19AHYIpc&feature=emb_err_woyt

Според кинеската веб-страница Соху, вредноста на возилото е околу 500 милиони јуани (74 милиони американски долари), но Џианси објави и дека ќе плати и за регистрација, петгодишно осигурување на автомобилите и данок на возилата.

Како промотивен материјал за настанот, компанијата со дрон снимила неколку стотици од новите автомобили поставени околу голема сцена за да го прослави 1 октомври, а видеото стана вирално на кинеските социјални медиуми, додека компанијата доби бројни признанија за споделување на профитот со своите работници.