(ВИДЕО) Конечно, божиќната песна на Мараја Кери по 25 години прва

Во светот веројатно не постои личност која барем еднаш за време на новогодишните и божиќните празници не ја запеала песната која ја изведува Мараја Кери – „All I Want For Christmas Is You“ која излезе во 1994 година и оттогаш во овој период од годината задолжително се слуша.

Оваа година песната слави 25 годишнина, а за прв пат се искачи на самиот врв на „Billboard Hot 100“ листата.

Со таа вест и самата пејачка се пофали на социјалните мрежи со кратката објава:

– Успеавме!

За Мараја ова не е прв пат, туку деветнаесети, некоја нејзина песна да се најде на првата позиција од Hot 100 листата. Подобри од неа се само Битлси со 20 песни на првото место, додека Ријана е зад нив со 14 песни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.