(ВИДЕО) Конгресот ја потврди победата на Бајден на изборите

Сенатот и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во четвртокот на заедничката седница ја утврдија победата на демократот Џозеф Бајден на претседателските избори од 3-ти ноември кој објави дека на должноста ќе стапи на 20-ти јануари, по еден од најмачните настани во поновата американска историја.

По завршувањето на повеќечасовната дебата и откако беа отрлени сите приговрои на републиканските пратеници на резултатите од изборите за гласањето во една од најважните сојузни држави Пенсилванија, Конгресот го потврди резултатот од гласовите на електроскиот колегиум во преостнатите 12 сојузни држави во кои имаше приговори.

По потврдувањето на бројот на гласовите во сојузната држава Вермонт, Бајден го мина прагот од 270 електорски гласови, а откако беа потврдени и резултатите од последната сојузна држава според латиничната азбука, беше објавено дека Бајдени го победил актуелниот претседател Доналд Трамп со 306 наспроти 232 голасови од изборниот колегиум.

Исходот од ова заседание всушност треба да стави крај на процесот на сумирањето на резултатите од ноемвриските избори да ја затвори дискусијата за тоа кој е следниот 46-ти претседател во историјата на САД.

Заедничкото заседание на двата дома на американскиот парламент, коешто започна во средата а заврши во четвртокот вечерта, двапати пеше прекинуван поради приговорите на сопартијците на актуелниот републикански претседател Трамп во врска со исходот од изборите во неколку сојузни држави. Во средата против потврдување на резултатите од Аризона истапи републиканскиот претставник од оваа држава во Претставничкиот дом, Пол Госар, чиј приговор беше поддржан од 60 негови колеги, како и од сенаторот Тед Круз, републиканец од Тексас.

Во четвртокот, по полноќ според локално време, републиканците го поднесоа и вториот приговор, овојпат против потврдувањето на исходот во сојузната држава Пенсилванија. Оваа иницијатива беше поднесена од републиканскиот претставник на оваа држава во Претставничкиот дом, Скот Пери поддржан од 80 негови колеги, како и од сенаторот до Мисури, Џош Хоули. И во двата случаи, приговорите беа одбиенни и од Сенатот и од Претставничкиот дом, и притоа гласаа против не само демократите туку и републикански пратеници, кои и претходно беа познати како противници на Трамп и кои ги обвини дека им подлегнале на притисоците.