(ВИДЕО) Контроверзна победа на Верстапен за Големата награда на Австрија

EPA/CHRISTIAN BRUNA

Холандскиот автомобилист од тимот на „Ред Бул – Хонда“, Макс Вертсапен, во неделата победи на трката за Големата награда на Австрија на патеката Шпилберг, деветтата трка од годинешното издаение на Светското првенство во Формула 1.

Ова е втора последователна победа на Верстапен на „Ред Бул Ринг“, прва победа сезоната, и вкупно шеста во кариерата.

Клучниот момент на трката се случи три круга пред крајот, кога Верстапен го мина дотогаш водечкиот Шарл Леклер од тимот на „Ферари“. Притоа Верстапен го ситурка Леклер од патеката со доста силен контакт меѓу болидите на двајцата возчи кои трката ја стартуваа од првата линија. Судиите по трката објавија дека потегот на Холанѓанецот е под истрага.

„Беше неверојатно повторно да се победи тука. Ако ваквите работи не се дозволени, тогаш подобро е да останеме дома. Каква е тогаш целта на Формила 1“, рече за новинарите Верстапен коментирајќи го контроверзниот момент.

Возачот од Монако, пак, не мислеше така. „Оставив доволно простор, но сепак имаше контакт. Штета. За мене тоа е јасна ситуација, повторвам дека имаше доволно простор и тоа не беше спортски потег,. Седа само сакам да одам дома и да ја чекам пресудата“, рече Леклер.

Леклер, кој беше најдобар во квалификациите, добро ја започна и неделната трка, додека Верстапен имаше лош почеток. Од второто место падна на петтото, набрзо и на седмото, па на деветтото. Меѓутоа, Холанѓанецот во продолжението на трката одлично возеше и се врати на втората позиција, па во последните пет кругови се водеше жестока борба.

Во 68-от круг, Верстапен тргна во првиот напад, но Леклер одлично се одбрани, но во вториот обид следниот круг Холанѓанецот успеа да се пробие со опишаната ситуација и до крајот остана на првоото место. Леклер го одбрани второто место, додека Финецот Валтери Борат во „Мерцедес“ беше трет. На четвортото место се пласираше Германецот Себастијан Фетел во болидот на „Ферари“, додека актуелниот светски првак и моментално водечки во генералниот поредок, Британецот Луси Хамилтон од тимот на „Мерцедес“, кој поради казна наместо од втората стартуваше од петтата позиција, на крајот беше петти/

Во генералниот пласман води Хамилтон со 197 бодови, втор е Ботас со 166 бодови, а трет е Верстапен со 126 бодови. Во пласманот на конструктори води „Мерцедес“ со 363, пред „Ферари“ со 228 и „Ред Бул“ со 169 бодови.

Следната трка во Формула 1 е за Големата награда на Велика Британија, а ќе се вози на 14-ти јули на патеката Силверстон.