(ВИДЕО) Конвој на сириската армија се размина со американски војници кои се повлекуваат

Конвој на сириските владини трупи се сретна со американски војници кои се повлекуваат на автопатот што ги поврзива градовите Манбиџ и Кобани на североистокот од Сирија, според видеото кое го објави агенцијата Ruptly.

На снимките се забележува како оклопните возила со американски знамиња и пикапи со сириски војници се движат во спротивните насоки, и притоа војниците од двете страни воопшто не реагираат едни на другите.

Во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „главно го повлекол“ американскиот контингент од Сирија. Рече, исто така, дека не е против сирискиот претседател Башад ал-Асад да ги штити досегашните американски сојузници сириските Курди од офанзивата на турската војска.

На 9-ти октомври Анкара објави почеток на воената операција „Извор на мирот“ на северот од Сирија, насочена кон курдска милиција Единици за заштита на народот (YPG) кои ги смета за сириски огранок на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), како и против џихадистичката групација Исламска држава. Во следните неколку дена турските сили и сириската вооружена опозиција која Анкара ја поддржува ја преземаа контролата врз пограничните градовит Рас ал-Ајин и Тел Абјад.

САД кои ја вороружуваа и обучуваат апрапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF), во кои водечка сила е курдската YPG, го осудија дејтвијата на Турција, но сепак според претходната најава ги повлека своите сили од подрачјата каде што се одвива турската операција, а Курдите тоа го оценија како кршење на меѓусебниот договор. Пентагон одговори дека повлекувањето на контингентот од Сирија, е поради безбедноста на американските војници и за да не дојде до судир со турските сили.

Во неделата самопреогласената курдска самоуправа и владата во Дамаск се договорија за распоредување на сириските владини сили по должината на целата граница со Турција за „заеднички да се спротистават на агресијата“ од Анкара. Во понеделникот сириските сили влегоа во Манбиџ и други градови под контрола на Курдите, каде што претходно беа стационирани американски единици.