ВИДЕО| Ковачевски фатен „во небрано“ од недоговорено новинарско прашање

Парадирањето низ маркети на министрите предводени од Димитар Ковачевски уште еднаш покажа 26-те илјади евра дадени за промоција на неговата влада на социјалните мрежи не може да ја разубави грдата слика на македонската сегашност, на која самиот премиер нема одговори надвор од договорените прашања.

Имено денеска при третото пазарење на Ковачевски, однапред најавено, на премиерот му беше поставено прашањето зошто не оди на Клиниката за онкологија да провери дали недостасува терапија за пациентите или во училиштата да провери зошто нема учебници.

Ковачевски очигледно затекнат од недоговореното прашања, како што рече, „само кратко“ одговори дека „оди на Онкологија“, а во врска со недостигот од учебници и покрај веќе приближувањето на крајот на учебната година се повика на информацијата од неговиот министер за образование дека „учебиците за основно образование се подготвени“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.