ВИДЕО| Ковачевски со директна закана кон медиумите – знам кој колку зима и што работи, пазете што правите

Дали лидерот на СДСМ и премиер на Македонија, Димитар Ковачевски, упати директна закана кон медиуми – знам кој колку зима и што работи пазете што правите?

Ковачевски денес одговарајќи на новинарско прашање поврзано со добивањето на неговата сопруга државно земјиште за изградба на фотоволтаици правдајќи се за судирот на интереси и можниот криминал директно се закани кон новинарите и сопствениците на медиуми.

Тој истакна дека знаел, но не зборувал за тоа како сопруга на сопственик на медиум добила 1,4 милиони денари за спроведување на проект за државно финансирање. Ковачевски за ова не зборувал, бидејќи верувал дека постапката била според закон.
Тој се надоврза, дека изминативе месеци не коментирал како сопственик на медиум добива 50 милиони евра државни набавки, бидејќи сметал дека е законски.

Со овој јавен настап, премиерот Димитар Ковачевски, спомнувајќи ги директно медиумите и нивните сопственици индиректно упати закана кон сите медиумски работници и фелата.

Ова не е прв случај каде што премиерот и владата се закануваа или пак ја попречуваат работата на медиуми и новинарите.