(ВИДЕО) Ковид-19 ја опустоши Москва, па се префрли на поодалечените места во Русија

112

Аналитичарите забележале сразмерно понизок број на смртни случаи (2.631) во однос на големиот број заразени.

Русија во текот на оваа недела стана втора земја на светот по бројот на потврдени случаи на зараза со овој вид на коронавирус, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Најтешко е погодена руската престолнина. Од вкупно 281.752 случаи во Русија, повеќе од половина (142.824) се регистрирани во Москва. Но, вирусот сега почна да се шири и по другите руски региони, односно по целата огромна копнена површина која покрина 11 временски зони и вклучува и некои од најоддалечените и најсиромашни места на Земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин рече во понеделникот во текот на видеоконференцијата со 85 регионални челници дека одлуката за ублажувањето на мерки ќе биде нивна, објави Си Ен Ен.

„Имаме голема земја. Епидемиолошката ситуација варира по региони. Тоа го зедовме во предвид и претходно, но сега треба да се дејствува уште поодредено и повнимателно“, рече тој.

Необичен размер на заразени и починати

Руската потпретседателка на Владата Татјана Голикова изјави оваа недела дека руската влада не манипулирала со статистиките, но дека податоците за смртноста од ковид-19 во Русија почнаа да привлекуваат внимание. Имено, аналитичарите забележале сразмерно понизок број на смртни случаи (2.631) во однос на големиот број заразени.

Во Москва здравствените работните соопштија дека податоците за ковид-19 се „апсолутно отворени и достапни“. Но градското Одделение за здравство призна дека се бројат само оние смртни случаи за кои по пат на обдукција е утврдено дека се предизвикани од новиот вид коронавирус.

Москва на многу начини е многу подобро опремена за соочување со пандемијата од другите, сиромашни региони на Русија. Руската новинарка Ирина Шикман на ЈуТјуб објави приказна за својата посета на локалната клиника која се наоѓа во градот Ивантејевка, оддалечен од Москва 10 километри. На снимките се гледа како на ѕидовите од клиниката се лупи бојата и дека условите на здравствениот систем се разликуваат меѓу главниот град и другите региони.

Погледнете ја целата репортажа на новинарката Ирина Шикман:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.