Додека страшните пожари ја голтаат амазонската прашума , припадниците на бразилското племе Мура , се заколнаа дека со последните сили ќе ја бранат својата територија.
Најголемата прашума на светот , Амазонија, е големо скласдиште на јаглерод , што го забавува темпото на глобалното затоплување. Ја нарекуваат и бели дробови на Земјата , зашто освен апсорпцијата на јаглерод двооксид, обезбедува 20% од целокупното количество кислород. Во амазонските прашуми живеат околу еден милион домородци , а прашумата е дом и на околу три милиони видови растенија и животни.
„Ова е целосно уништување. Доколку е потребно, ќе ја дадам последната капка крв за да ја спасам оваа шума “, рече Раимундо Мура, член на племето Мура.
„Сите овие дрвја некогаш беа живи и имаа право на тоа. Сега луѓето сакаат да ги уништат. Ќе се обидеме да ја заштитиме оваа област; природата, дрвјата и животните “, додаде тој.
„Ние сме тука со години, без електрична енергија или пристапни патишта. И сега секој ден се соочуваме со уништување на шумите и ограбување на земјиштето. Тажни сме затоа што шумата постојано умира “, рече Хантех Вакана Мура, член на тоа племе.
„Веќе гледаме дека климата се менува. На светот му треба оваа шума. Таа е потребно за нас и за нашите деца “, додаде тој.