(ВИДЕО) Крузер ја загуби контролата, избегната трагедија во Венеција

За малку е избегната голема несреќа во Венеција. Крузер ќе се забиеше во историските згради во Венеција кој беше зафатен од силно невреме.

Италијанскиот крузер „Коста Делисиоза“ вчера покрај Венеција беше зафатен од силно невреме. Крузерот за малку ќе се забиеше во другите закотвени бродови во пристаништето или во историските згради.

„Гледавме како се движи директно кон нас“ изјави еден очевидец.

Властите на Венеција почнаа истрага за случајот во која се вклучи и Министерството за сообраќај.

Пред само еден месец крузерот МСЦ Опера се заби во пристаништето во Венеција притоа беа повредени петмнина минувачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.