(ВИДЕО) Крвава предигра на дуелот Атлетик – Спартак, почина полицаец

Центарот на Билбао вo четвртокот вечерта беше сцена на брутална пресметка меѓу шпански и руски навивачи како увертира за реванш дуелот меѓу Атлетик и Спартак Москва во шеснаесетфиналето во фудбалската УЕФА Европа лига.

Дивеењето на двете групи почнало пред стартот на средбата на „Сан Мамеш“ при што еден полициски службеник го загубил животот како последица на срцев удар.

Според шпански медиуми, во судирот на завојуваните страни се користеле шишиња и чадни  бомби, како и притоехника. Шпанската полиција набрзо ја ставила ситуацијата под контрола при што уапсила двајца фанови на Атлетик Билбао и тројца на московски Спартак.

Рускиот тим на крајот славеше со 2:1, но пласман во осминафиналето оствари Атлетик Билбао благодарение на триумфот со 3:1 во првиот меч во Москва.

 

https://www.youtube.com/watch?v=_7evZdCjWtc