ВИДЕО: Кукла со ликот на Обама висела од надвозник над автопат

Кукла со маска со ликот на американскиот претседатл Барак Обама е обесена на надвозник над автопат во Мисури.

Куклата висела на јаже, а автопатот бил за кратко затворен додека експертите проверувале дали истата содржи експлозивбидејќи на неа била забележана сомнителна направа.

Куклата е откриена на надвозник на околу 40 километри од Канзас. Не е познато зошто е сторено ова, а полицијата добила пријава рано наутро.

На куклата не е пронајден експлозив, а истрагата се уште трае.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.