(ВИДЕО) Култен берлински паб поради воведување на карантинот ѝ забрани пристап на Ангела Меркел

Култниот берлински паб „Ständige Vertretung“ (Постојано претставништво) на гераманската канцеларка Ангела Меркел, на министерот за финансии Олаф Шолц и на другите водечки политичари, им го забрани влезот поради најавените мерки за привремено затворање на сите угостителски објекти кои на сила стапија во понеделникот, пренесува весникот Spiegel.

За оваа своја одлука, сопствениците на пабот Јерн Петер Бринкман и Јан Филип Бубингер известија во видео-порака објавена на Facebook.

Сопствениците на берлинскиот паб германските политичари на чело со Меркел ги сметаат за одговори за воведување на строгите рестриктивни мерки со кои сакаат да го сузбијат ширењето на коронавирусот.

И сопствениците на другите угостителски објекти во Германија се огорчени од воведувањето на карантинот во земјата, кој забранува работење на новните објекти. Притоа се повикуваат на резултатите од истражувањето на референтниот Институт „Роберт Кох“, според коешто шансите за зараза во слични угостителски објекти не надминуваат 3 отсто.

Според нив, владата не се подготвила добро за вториот бран од епидемијата на корановирусот.

„Владата не преземаше соодветни чекори и беше очекувано дека лекарите на крајот ќе работат на границата на нивната издржливост“, истакнуваат во видео-пораката сопствениците на пабот „Ständige Vertretung“.

Потсетуват дека податоците укажуваат на тоа дека во рестораните со коронавирусот се заразиле многу мал број луѓе, но дека угостителсктеи објекти и покрај тоа се на ударот на новите мерки во Германија и потсетуваат дека оваа индустрија вработува околу 2,5 милиони луѓе во земјата.

Бринкман и Бубингер во видозаписот истакнуваат дека меѓу нивните гости има многу политичари.

„Некои од овие исти политичари одлучија повторно да ги затворат рестораните и да ни забранат да работиме. Нив веднаш ги ставаме на ‘црната листа’. Нема да ни биде мило да ги услужиме канцеларката Ангела Меркел, министерот за финансии Олаф Шолц, баварскиот премиер Маркус Зедер, градоначалникот на Берлин, Михаел Милер“, велат во пораката повикувајќи ги колегите да се придружат на нивниот потег.

Во видео-пораката им порачуваат на Ангела Меркел и на другите политичари „на свинската коленица од нивнат кујна повеќе да не се надеваат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.