ВИДЕО| Култните Deep Purple објавија видео за нумерата „7 And 7 Is“ за новиот албум

Британскиот рок-бенд Deep Purple на YouTube каналот го објавија видеото за насловната песна „7 And 7 Is, создадена во 1960-те години од мултиинструменталистот Артур Ли.

Видеот вклучува снимки од студиот во кое членовите на рок-диносаурусот со многу ентузијазам ја изведуваат легендарната композија на Ли, и покрај фактот што сите се веќе во поодмината возраст. Така тапанарот Јан Пејс на своите 73 години самоуверено удира во комплексниот ритам, а клавијатуристот Дон Ејри и гитаристот Стиов Морс изненадуваат со своите технички делници.

Во одлична форма се наоѓа и вокалистот Јан Гилан. Иако во август годинава наврши 76 години, неговиот вокал звучи исто толку гласно како пред речиси повеќе од половина век, кога Deep Purple беа најпопуларниот рок-состав на планетата според бројот на продадени плочи.

Нумерата „7 and 7 Is“ ќе се појави на претстајниот кавер албум со наслов „Turning to Crime“, кој е првиот од таков вид во дискографијата на овие вечни рокери. На него ќе бидат вклучени 12 хитови, меѓу нив и оние “Watching the River Flow“ на Боб Дилан, „White Room“ на некогаш славниот бенд Cream, потоа „Oh Well“ на рокерите од Fleetwood Mac и други.

Албумот „Turning to Crime“ ќе се појави на 26-ти ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.