ВИДЕО: Купиле стар кауч за 20 долари, а потоа следело изненадување

Студенти од Њујорк купиле стар кауч за 20 долари, но се изненадиле кога во него нашле 40 илјади долари!

Бидејќи каучот им бил неудобен решиле да проверат зошто е тоа така.Се шокирале кога под каучот нашле вреќа во која имало 40 илјади долари.

Причината за неудобноста на креветот биле 40.000 долари скриени во него.

Парите биле скриени по целиот кауч, а нивните планови за трошење на истите исчезнале кога пронашле потврда за исплата со сите податоци. Откриле дека парите и припаѓаат на 91-годишна госпоѓа која парите ги чувала во каучот, затоа што не им верувала на банките.

Кога поради скршен колк завршила во болница, нејзините деца во добротворни цели го продале каучот не знаејќи што има во него.

Нивната скромност на крајот се исплатела затоа што сопственичката на каучот ги наградила со 1.000 долари.