(ВИДЕО) Курц ја „заборави“ химната на Австрија

50

Земја планина, земја река, австриската химна беше непремостлива пречка за сојузниот канцелар Себастијан Курц при посетата на САД.

Поточно, тој одби да ја пее австриската химна.

Курц требало при доделувањето на австриско државјанство на потомците на жртвите на Холокаустот да ја пее австриската химна, но судејќи по снимката се тргнало на лошо.

Канцеларот не сакал сам да ја пее химната и рекол: „Па, сигурно постојат луѓе кои можат да пеат подобро од мене“.

Тој тогаш се обидел некој од присутните да ги наговори да пеат наместо него, но бидејќи одбраниот не бил многу среќен поради тоа дека нему ми припаднала честа, тој предложил да пеат заедно.

Канцеларот не бил воодушевен од предлогот, па при изведбата на химната само отворал уста и се смеел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.