(ВИДЕО) ЛА Галакси постави статуа на Дејвид Бекам

© AP Foto/Ringo H.W. Chiu

Клубот од американската Главна фудбалска лига (MLS), Лос Анџелес Лејкерс постави статуа на поранешниот капитен на тимот, англискиот играч Дејвид Бекам.

Статуата е поставена во близина на главниот влез на стадионот на кој натрпеварите ги игра Лос Анџелес Галакси. На церемонијата на откривањето присуствуваше самиот фудбалер придружуван од сопругата Викторија Бекам, пренесува Sky Sports.

„Многу сум благодарен на MLS за довербата која ја имаа во мене, за честа да играм во оваа прекрасна лига, во овој прекрасен тим“, изјавил 43-годишниот Англичанец.

Бекам стана првиот фудбалер кој потпиша договор со MLS според правилото кој им овозможува на одредени играчи да не се применува прописот за лимитирана плата. Настапуваше за ЛА Галакси од 2007 до 2012 година, одигрувајќи 122 натпревари на кои постигна 19 погодоци и двапат освојувајќи го Купот на MLS.

Дејвид Бекам настапуваше и за англиски Манчестер Јунајтед, шпански Реал Мадрид, италијански Милан и француски Пари Сен Жермен, каде што во 2013 година ја заврши професиналната играчка кариера. Бекам е шесткратен шампион на Англија, шампион на Шпанија и на Франција, победник во Лигата на шампионите, двократен освојувач на Купот и Суперкупот на Англија, првак во Интерконтиненталниот куп и на Суперкупот на Шпанија. Покрај тоа, двапати беше втор во изборит на Играч на годината според ФИФА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.