(ВИДЕО) Лавини во Швајцарија и Австрија, се трага по исчезнати

Швајцарските спасувачки екипи во четвртокот започнаа голема операција откако лавина го погодила скијачкиот терен во Андермата, објави полицијата, а три лавини го погодија и австриски Анкогел.

Две лица се спасени во Андермата со полесни повреди, но во попладневните часдови операцијата и натаму трае. Според сведоците, неколку лица се затрупани во снегот, рекол портпаролот на локалната полиција, Рето Пфистер.

„Лавината беше со значителни размери“, додал.

Видеоснимката направена од очевидци објавена на порталот blick.ch прикажува како лавината ја прекрива патеката на која има голем број скијачи.

Три лавини го погодиле и Анкогел, скијачки центар во австриската покраина Корушка, објави портпаролот на тамошната полиција. Една лавина се случила надвор од скијачкиот терен и затрупала две лица кои се спушале надвор од патеката, пренесува Reuters.

На теренот има повеќе од 60 спасувачи и кучиња трагачи. Портпаролот истакнал дека сѐ уште е прерано да се зборува за можни жртви.