(ВИДЕО) Лавини во ски центри во Австрија и Швајцарија: Пријавени многу жртви

Започната е голема акција за пронаоѓање на повеќе исчезнати скијачи, откако четири лавини погодија ски центри во Австрија и Швајцарија.

Австрискиот ски центар Анкогел е погоден од три лавини, додека швајцарскиот Андермат од една.

Како што објавија локалните медиуми, на патеките се наоѓале голем број скијачи.

Швајцарската полиција на вонредна прес-конференција соопшти дека повеќе луѓе се однесени на носилки.

– Пријавен е голем број на жртви, изјави шефот на оперативната кантонална полиција Рето Пфистер.

Тој нагласи дека станува збор за голема лавина, а во потрагата и спасувачката акција учествуваат три хеликоптери. Помагаат и итни медицински екипи, шумска служба за спасување и 20 цивили кои се пријавиле доброволно.

https://www.youtube.com/watch?v=qgdpDCN9OxA&feature=emb_logo

Шест лица се спасени од снегот и сите се швајцарски државјани. Двајца се пренесени в болница, а четворица не се повредени.

Засега нема пријави за исчезнати лица, но полицијата се сомнева дека има уште затрупани луѓе, поради што акцијата продолжува.

Не е познато што ја предизвикало лавината.