(ВИДЕО) Лазаров Велики, велат од ИХФ

Лазаров Велики, така го нарече Меѓунардоната рекометна федерација нашиот репрезентативец на својата Фејсбук страница по завршувањето на мечот со Белорусија на Светското првенство во Египет.

ИХФ му посвети на Кире Лазаров и видео од првиот негов настап на светските првенства, кое исто така беше во Египет пред 22 години па до денес.

„22 години по неговото прво Светско првенство во ИХФ, токму во Египет, благодарниот Кирил Лазаров се осврнува на неговите најславни денови со дресот на Северна Македонија 🙌 # Египет2021“, напишаа од ИХФ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.