(ВИДЕО) Лажни бразилски полицајци украдоа 750 кгр злато

Засега неидентификувани лица украле 750 килограми злато од меѓународниот аеродром во бразилската метропола Сао Паоло, пренесува во четвртокот порталот Globo.

Крадците пристигнале на аеродромот во четвртокот попладнето по локално време во два аватомобила кои имитирале возила на федералната полиција и без регистерски ознаки. Тие, исто така, носеле полициски униформи и биле вооружени со пиштоли, автоматски пушки и карабини. За пренсување на тешкиот товар, крадците користеле вилјушкар.

По пробивањето во терминалот за товарен сообраќај, криминалците го ограбиле фургонот за транспорт на команијата „Brink’s“ и брзо исчезнале од местото на настанот. Вредноста на украденото злато се проценува на 30 милиони американски долари, а требало да биде префрлено во швајцарски Цирих и во Њујорк.

Според полициски извори, претходно ноќта кон четвртокот разбојниците го земале во заложништво семејството на шефот на логистичките операции на терминалот, за да ги добијат потребните информации. Потоа со двете преправени возила дошле на терминалот, едното влегло во терминалот а другото останало пред влезот.

Возилата со кои бил извршен грабежот се најдени напуштени во Жардим Пантанал, источното предградие на Сао Паоло, а потоа со други две возила од кои едното болничко исчезнале со украдениот товар. Полицискиот хеликоптер кој бил ангажиран не можел да лета над територијата на аеродромот, што го отежнало пребарувањето, но некои делови од грабежот се снимени од надзорните камери.

 

https://www.youtube.com/watch?v=904KAXgN5Z8