10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

(ВИДЕО) Леброн и Дурент си ги избраа стартните петорки за НБА Ол Старот

Леброн Џејмс и Кевин Дурент во улога на капитени ги избираа своите тимови за престојниот Ол Стар во НБА.

Ѕвездата на Лејкерс прво ги одбра најдобрите кошаркари на Милвоки и Голден Стејт, Јанис Адетокумбо и Стеф Кари за мечот на „сите ѕвезди“, а потоа следуваше изборот на двоецот од Балканот.

„Мојот четврти кошаркар во тимот е Лука „Меџик“ од Далас. Мојот петти играч во петорката е картата која во некои игри не можете да ја користите –„Џокер“, на вака интересен начин Леброн ги престави своите последни адути во петорката. Секако се мисли на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Супер моќна петорка избра и Кевин Дурент, и тоа Кајра Ирвинг, Џоел Ембид, Кавај Ленард, Бредли Бил и Џејсон Тејтум. Секако настапот на Дурент во првата петорка ќе зависти од состојбата на неговата повреда.

Резерви во тимот на Леброн се Џејлен Браун, Пол Џорџ, Руди Гобер, Демиен Лилард, Крис Пол, Домантас Сабонис и Бен Симонс.

На клупата за резерви во тимот на Дурент се Девин Букер, Никола Вучевиќ, Џејмс Харден, Зел Лавин, Зајон Вилијамсон, Донован Мичел и Џулијус Рендл.