(ВИДЕО) Леброн се јави по новото полициско убиство на Афроамериканец

Афроамериканската заедница во САД повторно збесна откако беше обелоденето видео од полицаец во Минеаполис како усмртува лице при апсење. Станува збор за 46-годишниот Џорџ Флојд, кој не даваше отпор при апсењето, но почина откако полицаецот три минути му клечеше со колено на вратот, се додека Флојд не го испушти и последниот здив.

Леброн Џејмс, кој во изминатите години во неколку ситуации реагираше на убиства на афроамериканци во повеќе градови во САД, беше меѓу најгласните што реагираа на овој немил настан.

„Дали сега разбирате? Или се уште ви е матно?“, напиша Џејмс, објавувајќи фотографија од убиството, крај слика од НФЛ-ѕвездата Колин Коперник, кој го привлече вниманието со честите протести против властите со клечење за време на интонирањето на американската химна.

https://www.instagram.com/p/CAq3fpCgyve/?utm_source=ig_embed