(ВИДЕО) Лекар стави шест маски одеднаш и ги поби сите теории на заговор

Лекарот во Даблин, Метју Отавеил, сними видео на Твитер, со цел да ги негира сите приказни дека маските го намалуваат кислородот, и докажа дека не постои начин да се намали нивото на кислород во крвта со носењето маски, па дури и ако носите шест маски одеднаш.

– Пациентите постојано ме прашуваат дали носењето маски го намалува нивото на кислород во организмот, а тоа ме прашуваат заради она што го прочитале на социјалните мрежи. Покривањето на лицето со маска не го намалува нивото на кислород. Ставив шест маски на лицето, а тоа немаше никаков ефект на нивото на кислород во мојата крв – коментира тој на видеото.

Експертите се согласуваат дека, сè додека не се добие соодветна вакцина, единствениот лек што го имаме против коронавирусот е превенцијата, а таа се состои од носење маска, одржување на растојанието од другите и миење на рацете.