ВИДЕО| Леталото на NASA го погодило астероидот во обидот да му ја промени патеката

Вселенското летало на американската агенција за вселенски истражување NASA намерно се забила во астероид во обидот да ја промени неговата траекторија на движење, изведувајќи го првото тестирање од овој вид за одбрана на Земјата.

Тестот за пренасочување на астероидот мисијата DART (Double Asteroid Redirection Test) беше првата која се обиде да ја промени насоката на опасен објект, според директорот на оваа мисија Томас Зарбакен.

Набрзо по сударот во понеделникот во 1,14 часот, NASA на Twitter објави дека „сударот беше успешен“, бидејќи „вселенското летало успешно се судри со астероидот Диморфос, кој е со големина на фудбалски стадион и не претставува закана за Земјата“.

Вселенската агенција во живо го пренесуваше приближување на сондата без човечки екипажот кон астероидот. На снимките кои на Земјата ги испрати камерата на вселенското летало, астероидот Диморфос прво станал видлив како светла точка еден час пред ударот, потоа се зголемува и на крајот станува видлив со површинските детали и сенки, сѐ додека камерата не се уништува во сударот.

Сѐ до непосредно пред ударот беше неизвесно дали леталото, кое се движеше со брзина од околу 6,6 километри во секунда и беше на автопилот последните неколку минути, навистина ќе удри во астероидот.

Научничката на NASA, Лори Глејз изјави дека вистинската научна работа започнува до ударот. Научниците сега мора да истражат дали орбитата на астероидот се променила како резултат на ударот на сондата и доколку се променила, во која мера.

Мисијата е осмислена за да осигури астероидот да не претставува опасност за Земјата, дури и откако ќе го удри сондата. Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судар со NEO, што е кратенка на NASA за некој објект во близина на планетата, астероид или комета, којшто би можел опасно да се приближи. Големото финале би требало да се случи во 23 часот по американско време.

Во 2016 година NASA го основаше Бирото за координација на планетарната одбрана (PDCO) за рано откривање на закона од NEO со големи димензии, од најмалку 30 до 50 метри кои би можеле да предизвикаат големи штети на површината на Земјата, како и за следење на патеката на тие објекти.

Астрономите моментално не знаат дали на Земјата ѝ се заканува некој објект, но астероид пред околу 66 милиони години оставил голем кратер на мексиканскиот полуостров Јукатан и можеби токму тој го предизвикал изумирањето на диносаурусите.

Вселенското летало DART има маса од 610 килограми и димензии 1,8 на 2,6 метри, а лансирано беше во ноември 2021 година од сојузната држава Калифорнија со ракетата „Falcon 9“ на вселенската компанија „SpaceX“. Пречникот на Диморфос е околу 160 метри и тој како и месецот орбитира околу поголемиот астероид Дидимос. Камерите на DART ќе го фатат астероидот само 90-ина минути пред планираниот удар во него.\

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.