(ВИДЕО) Лидер окрива кој е бодигардот на Заев кој во толпа брутално тепаше човек во Струмица

Aлександар Трајков, викан Сашко Сали, телохранителот на премиерот претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е едно од десетината лица кои претходно во четвртокот во Струмица брутално претепаа маж со тупаници, клоци и со палка, пренесува Радио Лидер повикувајќи се на очевидци.

Трајков се споменува како прв човек во обезбедувањето на лидерот на СДСМ, кој ѝ стана познат на пошироката јавност во текот на безредијата во Собранието, кога лично го штитеше Заев.

Важи за човек кој често влегува во конфликти. Во 2016 година Трајков претепа десетина лица во струмичката дискотека „Платиниум“, кога без з повод и причина пред дискотеката со тупаница удрил едно лице, а потоа влегол во дискотеката и претепал се пред себе. По неговиот поход, три лица завршија во болница со тешки повреди.

За случајот МВР му поднесе прекршочна пријава на Aлександар Трајков, откако претходно и покрај најмалку две пријави за насилство врз сограѓани без повод и причина беше недостапен за полицијата, а случајот не беше наведен во редовниот билтен на МВР испратен до медиумите.

Тогаш од СДСМ соопштија дека телохранителот на Заев бил приватно излезен во Струмица, додека  претседателот Заев присуствувал на партиски активности во Охрид. Од партијата тогаш соопштија дека Трајков до расчистување на случајот бил отстранет од придружбата на Заев.

Истиот тој, бодигардот на Заев се спомнува како еден од десетте насилници кои денеска во Струмица, за кои се тврди дека се обезбедувачи на Заев, претепаа еден човек на улица, а за тоа излезе и видео.

Во градот, почнаа да се шират шпекулации дека починатиот им подлегнал на повредите по што редакцијата на Радио Лидер се обиде да добие подетални информации од МВР.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски спушташе на нашите телефонски повици по што ја побаравме портпаролката на СВР Струмица Хризантема Рендевска.

Рендевска го потврдува настанот, додавајќи дека на терен биле испратени екипи но и брза помош и јавен обвинител. На прашањето дали претепаниот е жив, портпаролката ни одговори.

„Не, знам. Ќе имаме повеќе детали утре“, рече Рендевска.