(ВИДЕО) Лидс Јунајтед на Алиоски ја оствари првата победа во Премиер лигата

Лидс Јунајтед ја оствари првата победа во Премиер лигата по пауза од цели 16 години, а тоа го направи на начин со кој одново ги воодушеви фудаблските фанови, нешто слично како пред седум дена пред „Енфилд Роуд“.

Тогаш тимот на Марсело Биелса немаше среќа и не издржа до крај, па ако минатата седмица загуби од Ливерпул со 4:3, денеска приреди ново гол шоу во Премиер лигата, а истото беше со среќен крај за домаќините.

Во еден исклучително луд меч, Лидс на крајот го победи Фулам со 4:3, иако во завршницата се стави во крајно непријатна ситуација по навидум уверливот водство од 4:1.

Резултатот го отвори Коста во 5-та минута за 1:0, Митровиќ израмни од пенал на 1:1, но пред крајот на првиот дел, Клих исто така од белата точка го врати водството за Лидс. Бамфорд и Коста набрзина постигнаа два гола во 50-та и 57-та минута за 4:1, но наместо лесна победа, следуваше драма на повидок.

Рид намали на 4:2, во 62-та, Александар Митровиќ со својот втор гол погоди за 4:3, но вистинска среќа за Лидс е што успеа да го задржи водството и не прими четврти гол.

Нашиот Езџан Алиоски беше дел од овој навистина луд меч на „Иланд Роуд“, бидејќи влезе во игра во 70-та минута и дебитираше во Премиер лигата што е голема награда за македонскиот репрезенативец кој учествуваше во целокупниот подем на тимот во втората лига.