(ВИДЕО) Лилард ги турна Лејкерси кон плеј-ин турнирот, нов рекорд на Дончиќ

Портланд го победи ЛА Лејкерс со 106:101 во натпревар кој може да биде клучен за битката за шестото место на табелата во Западната конференција. Актуелниот шампион со овој пораз падна на седмото место на пет натпревари до крајот на регуларниот дел и лесно може да се случи да играат на плеј-ин турнирот.

Човек на одлука беше Демиен Лилард кој постигна 38 поени против Лејкерс кој се уште игра без Леброн Џејмс. Ова беше осми пораз во последните 10 натпревари за шампионот и згора на тоа има послаб меѓусебен скор од Портланд.

https://www.youtube.com/watch?v=lxVPrOyKgWE

Далас го победи Кливленд со 110:90 и се зацврсти на петтото место во Западната конференција. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме во кое Далас имаше предност од 25 поени. Лука Дончиќ беше најдобар кај Далас со 24 поени додека Колин Секстон даде 27 за Кливленд.

https://www.youtube.com/watch?v=Pz0Dn_ggfZ4

Мајами може да си обезеди место во плеј-офот бидејќи по победата над Минесота од 121:112 дојде до шестото место на Истокот. По подолго време, одлична игра прикажа Тајлер Хироу кој даде 27 поени, Џими Батлер уфрли 25, а Горан Драгиќ 23 поени.

Шарлот со триумфот од 122:112 над Орландо речиси сигурно си го обезбеди местото во плеј-ин турнирот. Тери Розир беше одличен за Шарлот со 28 поени.

Резултати:
Филаделфија – Њу Орлеанс 109:107
Чикаго – Бостон 121:99
Шарлот – Орландо 122:112
Мајами – Минесота 121:112
Милвоки – Хјустон 141:133
Далас – Кливленд 110:90
Јута – Денвер 127:120
Феникс – Њујорк 128:105
Портланд – ЛА Лејкерс 106:101
Сакраменто – Сан Антонио 104:113