(ВИДЕО) Ливерпул е нов светски шампион, a Фирмињо го расплака Фламенго!

Екипата на Ливерпул е нов светски шампион, откако во финалето во Светскиот клупски куп што се одигра во Доха славеше над бразилски Фламенго со 1-0 по продолжение.

Двете екипи одиграа со премногу резервирано во првиот дел, додека во второто полувреме создадоа по неколку шанси за гол, но сепак изостануваше реализацијата. Откако заминаа во продолжение, Фламенго се отвори дополнително, а тоа на најдобар можен налин го искористија фудбалерите на Ливерпул, кои во 99. минута преку една контра реализираше Роберто Фирмињо.

По пауза од 11 години повторно англиски клуб се израдува на светската круна, откако последен пат тоа му успеа на Манчестер Јунајтед во 2008. година, кога славеше над Кито со 1-0.