(ВИДЕО) Ливерпул по 1953 година прв пат прими седум гола на еден меч

Ливерпул вчеравечер загуби од Астон Вила во мечот од 4. коло на шампионатот на Англија со 7:2.

Актуелниот шампион на земјата прими седум погодоци на првенствен натпревар, првпат од 1953 година.

Последен пат такво нешто се случи на 12 септември 1953 година, кога англискиот шампион Арсенал загуби со 1:7 од Сандерленд.

Воедно, за прв пат во англискиот фудбал, во ист ден Ливерпул и Манчестер јунајтед примија по шест гола.

Јунајтед вчера загуби на домашен терен од Тотенхем со 6:1.