17.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

(ВИДЕО) Лозарите од Тиквешијата го истураат грозјето на депонија: „Еве колку мисли државата за нас“!

„Еве го грозјето од Кавадарци каде завршува! Гледајте сите каде оди грозјето од Тиквешијата!“ се слуша во видео снимено од земјоделец од Кавадарци кој на локалната депонија го истура овогодинешниот род.

-Еве зошто луѓето го работат лозјето, за на депонија да дојде! Еве колку мисли државата за нас, вели земјоделецот.

Лозарите незадоволни одоткупната цена на грозјето на почетокот на месецот најавија блокади и протести ако не се реши нивниот долгогодишен проблем околу откупните цени. По минатонеделната средба, премиерот, Зоран Заев најави помош од два плус два денари за килограм предадено грозје, но лозарите велат дека со тоа „државата некому мачка очи“.

Објавените цени на одделни винарии во најмала рака како што и самите рекоа се срамни, понижувачки и омаловажувачки, поради што побараа да се прекине тој монопол со цените.

-Во една од винариите блиска до власта грозјето од сортата вранец се откупува за седум и пол денари, а Смедеревката за шест и пол денари. Тоа е животот за сите кои им го ветуваа на лозарите во предизборието, а сега го реализираат на дело, реагираа денеска од опозицијата.

Милиони килограми на грозје од сортата вранец кои се наоѓаат на стотици хектари лозови насади во моментов се необрани и скапуваат по нивите.