(ВИДЕО) Лука Дончиќ испиша нова страница од историјата на НБА

Лука Дончиќ продолжува да испишува нови страници од историјата во НБА, откако во синоќешниот триумф на Далас маверикс над Кливленд кавалирс (110-90) стана четвртиот најмлад кошаркар кој ја надминал бројката од 5.000 поени во најсилната лига на светот.

Тој против „коњаниците“ имаше лимитирана минутажа, но тоа не го спречи за 23 минути на паркетот да биде најефикасен во својот тим со 24 поени и осум скока. Словенецот границата ја „прескокна“ со 22 години и 68 дена, а пред него се само Леброн Џејмс со 21 година и 22 дена, Кевин Дурент (21 година и 133 дена) и Кармело Ентони (21 година и 292 дена).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.