ВИДЕО| Лукаку го однесе Челзи во финалето за светската титула со Палмеираш

Фудбалерите на англискиот Челзи се пласираа вечерва во финалето на Светското клупско првенство, откако во полуфиналето го совладаа Ал-Хилал од Саудиска Арабија со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол за лондонските „сини“ беше Ромелу Лукаку во 32. минута.

До единствениот трофеј кој му недостасува во клупската историја, Челзи ќе се обиде да стигне во финалето во кое ќе се сретне со бразилскиот Палмеираш кој вчера со 2:0 беше подобар од Ал Ахли (Египет).

Клубот од Стемфорд Бриџ никогаш досега не ја освоил светската клупска титула, беше само еднаш финалист во 2012 година, од друга страна Палмеираш никогаш не бил во големото финале.

Претходно во борбата за петтото место Монтереј со 3:1 триумфираше над Ал Џазира.