(ВИДЕО) Лукашенко и Путин за „суверенитетот“ на Белорусија

Белорускиот претседател Александр Лукашенко инсистираше во петокот на „суверенитетот“ на својата земја во разговорот со рускиот претседател по должност Владимир Путин и истовремено заговарал подобрување на односите меѓу двете земји по тензичниот период.

„Зошто да се поставува прашањето на Русија и Белорусија? Тоа е како икона, тоа е светост. Не го сппоменавме тоа прашање“, изјави Лукашенко за новинарите по разговорите со Путин во руското црноморско летувалиште Сочи.

Рускиот претедател, пак, оцени дека „целосно независни држави не постојат, без разлика дали станува збор за големи или мали земји“. „Модерниот свет е меѓузависен“, смета Путин.

Изјавите на шефовите на државите по неколкунеделните напнатости меѓу Минск и Москва, како и острите забелешки на Лукашенко на сметка на Русија.

Русија го измени својот фискален систем на начин кој не ѝ оди на рака на Белорусија. Отаму Минск ѝ завележува на Москва дека со финансиски притисоци сака да го држи во политички потчинета положба. Русија, пак, оценува дека не треба да ја субвенционира Белорусија без надомест и семта дека тоа е нормално во партнерските односи.

Промената на царинските намети ја зголеми цената на нафтата којашто Русија ја извезува во Белорусија каде што енергентот се рафинира и со подобрена вредноста се враќа во Русија или во Европа.

Во Сочи двајцата претседатели, меѓутоа, покажаа во јавнсота опуштена слика, скијајќи се заедно во средата. Путин и Лукашенко во петокот играа хокеј во екипата на „Тигри“ кои со 16:1 ја победи екипата на „Мечки“, а на мечот настапил и синот на украинскиот претседател Николај Лукашенко.