(ВИДЕО) Македонец не учествувал во атентатот врз Радој Звицер од Кавачкиот клан

Меѓу учесниците во атентатот врз шефот на Кавачкиот клан, Радој Звицер, кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев, нема македонски државјани, објави „Вечерње новости“.

Првично беше објавено дека меѓу напаѓачите е и Македонец, како што изјави и портпаролката на киевската полиција.

Според „Новости“ во нападот учествувале Петар Јованиќ и Милн Бранковиќ од Црна Гора, како и српските државјани Емил Тозовиќ и Стефан Мандиќ Ѓукиќ, кој се бара за убиство во Бар.

Не е исклучено некој од уапсените да имал македонски пасош па поради то бил заведен како Македонец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.