(ВИДЕО) Македонец од прозорец ги снимал терористите во Виена кога пукале кон луѓето

Хоророт кој вчера вечерта се случуваше на улиците во Виена го снимиле и Македонци кои живеат и работат во главниот град на Австрија, објави редакцијата на Плусинфо, ги споделиле своите видео-снимки и накратко раскажале што точно можеле да видат и да слушнат ТУКА.

 – Додека седевме во нашиот дом, одеднаш слушнавме голема врева. Следеа истрели од огнено оружје, како и пискотници на луѓето кои се обидуваа да побегнат и да се сокријат од куршумите. Не знаевме што точно се случува, кога излегов на прозорецот успеав да снимам еден од напаѓачите како пука во луѓето кои бегаат. Искрено, сите сме исплашени и ќе останеме да седиме дома додека не ни кажат дека животот во градот е безбеден – вели нашиот соговорник кој веќе неколку години живее и работи во Виена.
Тој додава дека поради вчерашните напади, неговите деца ќе треба да останат дома, затоа што училиштата се затворени, и покрај тоа што по распустот требало од денеска за тргнат на училиште.
Нашиот соговорник вели дека следното видео му го испратил неговиот колега, исто така Македонец кој бил сведок на стравичните случки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.