(ВИДЕО) Македонија ја совлада Естонија и го презема водството во групата

Во првиот натпревар од неделната програма на Лигата на нациите на УЕФА, репрезентативците на Македонија само четири дена откако во Грузија успеаја да го остварат историскиот прв пласман на Европско првенство, во Скопје со 2:1 ја совладаа Естонија и го преземаа водството во Групата 2 во третата според квалитетот Лига Ц.

На Националната арена „Тодор Проески“, македонската селекција не одигра како што се очекуваше, меѓутоа искористи две од многуте шанси, а Естонија, пак, неколкупати се закани но постигна само еден погодок.

По двете воведни шанси за гостите, Македонија поведе во 29 минута од акцијата во којашто Иван Тричковски од околу шест метри откосо ја погоди естонската мрежа. Истиот играч пота имаше уште една шанса до крајот на полувремето, но не ја реализираше.

На почетокот од второто полувреме, во 52 минута Рино Сапинене со одличен удар од левата страна го совлада Шишковски за израмнување. Потоа следуваа неколку можности за Македонија, која на овој дуел настапи без Барди, Пандев и Адеми, но Ристовски, Стојановски и Николов не беа прецизни. Во 68 минута, сепак, по нафрлувањето на Ељиф Елмаз Влатко Стојановски донесе ново водство.

До крајот на натпреварот Македонија имаше уште неколку шанси за зголемување на водството и обезбедување на водството, а Естонија само еднаш беше блиску до ново израмнување, и тоа во судиското продолжение.

Во нашата група од 18 часот почнува мечот меѓу Грузија и Ерменија, а во моментов Македонија на коло пред крајот на натпреварувањето е во водство со 9 бодови, пред Грузија со 6 и Ерменија со 5 со меч помалку.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.