10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Макрон, Џонсон и Трудо го оговараа Трамп во Бакингамската куќа (ВИДЕО)

70-от Самит на НАТО се одржува во Лондон, а на денот пред неговото започнување, по низата билатерални состаноци, лидерите на членките на НАТО  беа во Бакингемската палата на прием кај  кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.

Тоа беше можност за кратка забава на светските лидери по напорниот ден. Имено, по неговото пристигнување во Лондон, Доналд Трамп на прес-конференција го нападна францускиот претседател Емануел Макрон и состанок на сојузниците го почна со остар тон .

Покрај нападот кон Макрон, Трамп на 52 минутниот прес се осврна на голем број теми, предизвикувајќи озборувања меѓу премиерот на Канада, Жастин Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон, холандскиот лидер Марк Руте и домаќинот Борис Џонсон во Бакингамската палата.

Очигледно, тие не беа свесни дека некој ги снима кога Џонсон се сврте кон Макрон, кој му беше свртен грб и го прашаа: Чекај малку, зошто доцниш?, А потоа наместо него, одговори Трудо.

„Доцни поради неговата 40-минутна прес-конференција“, рече Трудо. Тогаш Макрон започнува да зборува, но бидејќи се свртел со грб кон камерата, останува непознато што рекол.

Снимката потоа се прекинува и се рестартира во средина на друг разговор. Повторно, Трудо објаснува: „Може да се види само како на неговиот тим им се спушта вилицата до подот“, рече тој, гестицирајќи. Иако не се знаеше за што зборуваат, британските медиуми се согласуваат дека тема на разговорот би можел да не бил никој друг туку Доналд Трамп. Треба да се напомене дека во нивно друштво била и британската принцеза Ана, ќерка на кралицата.

Снимката за прв пат беше пренесена од канадскиот јавен радиодифузер ЦБЦ и се распространува на Twitter. Еден корисник, инаку политички научник и автор, напиша дека тоа се случува на секој самит на НАТО, но и на состаноците на Г7 или Г20.

– Американските сојузници го оговараат зад грб Доналд Трамп., беше објавено со снимката.