(ВИДЕО) Манчестер Сити лесно го совлада Челси на „Стемфорд бриџ“

22

Фудбалерите на Манчестер сити можеби никогаш полесно не го совладале Челси (3-1) на „Стемфорд бриџ“, откако сите дилеми на вечерашната средба ги решија уште во првото полувреме.

Гундоган, Фолден и Де Брујне во периодот од 18. до 37. минута донесоа огромно водство за „граѓаните“, кое се покажа како недостижно за домашниот тим. Сѐ што направија сините беше да постигнат почесен погодок и тоа преку Хадсон-Одои во втората минута од судиското продолжение.

Овој пораз значи сѐ поизгледен отказ на Френк Лампард на клупата на Челси, а како негов наследник веќе се споменува Томас Тухел, кој неодамна доживеа таква судбина во ПСЖ. Сити, пак, дојде до третиот триумф во низа и првпат сезонава се најде меѓу петте најдобри екипи во Премиер лигата, со 29 бода, но и меч помалку од лидерите Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.